HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНов договор за Роналдо, Хамес ставен на продажба

Нов договор за Роналдо, Хамес ставен на продажба

После освојувањето на Лигата на шампионите, се намалија приказните околу заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, а шпанските медиумите пренесуваат дека му е понуден нов договор. Според пишувањата на медиумите, на Португалецот му бил понуден договор до 2020 година, кога тој ќе наполни 35 години. Кога ќе се одбијат даноците Роналдо ќе заработи 60 милиони евра, а доколку навистина остане во клубот до 2020 година ќе има повеќе од деценија стаж во „кралскиот клуб“.

0д друга страна, нов договор нема да му биде понуден на Хамес Родригез, кој е на излезните врати од клубот. Колумбиецот потполно испадна од ротација, фудбалерите како Иско, Борхе Марјорал и Лукас Васкес добиваат шанса пред него и според шпанските медиуми тој е ставен на продажба. Реал Мадрид бара 80 милиони евра за трансфер на овој фудбалер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com