HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНов директор на „Охридско лето“ – Виолинистот Оливер Арсовски

Нов директор на „Охридско лето“ – Виолинистот Оливер Арсовски

 

Изборот за следен директор на фестивалот „Охридско лето“ му припадна на музичкиот уметник – виолинист Оливер Арсовски. Конкурсот беше распишан од страна на Министерството за култура, откако на претходниот раководител Елизабета Јанкуловска и заврши четиригодишниот мандат.

Министерството за култура се изјасни кажувајќи дека решението за назначување на Арсовски за директор на најзначајната културна манифестација во земјата, било потпишано вчера.

Инаку, музичкиот уметник – виолинистот Оливер Арсовски е поранешен директор на Македонската опера и балет и уметнички директор на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com