HomeДЕНЕШНАСветНов биланс од нападот во Истанбул- 43 мртви, 19 странци

Нов биланс од нападот во Истанбул- 43 мртви, 19 странци

Билансот на настрадани во самоубивствениот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул се искачи на 43, од кои 19 странци, изјави турскиот министер Ефкан Ала. Министерот во обраќањето за парламентот изјави дека во таа бројка не се вклучени бомбашите-самоубијци и додаде дека е позната националноста и идентитетот на еден од нив.

Порано денес неименуван турски функционер изјави дека тројца бомбаши-самоубијци кои се дигнаа во воздух на истанбулскиот аеродром се државјани на Русија, Узбекистан и Киргистан. Турскиот министер Ала додаде дека 13 лица, од кои четири странци, биле приведени во рамките на истрагата за овој напад.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com