HomeДЕНЕШНАСветНов биланс од нападите во Ирак, најмалку 213 мртви

Нов биланс од нападите во Ирак, најмалку 213 мртви

Најмалку 213 мртви лица е најновиот биланс после самоубиствениот напад во Багдад, пренесуваат светските медиуми, наведувајќи дека ова може да се смета за еден од најсмртоносните напади кои се случиле на територијата на таа земја. За вчерашниот напад одговорноста ја презеде таканаречената Исламска Држава, а како што денес пренесуваат ирачките функционери нас 200 лица биле повредени.

Нападот се случил во нешто побогатиот дел од Багдад, каде најмногу живеат средна класа шиити и христијани. Ирачката војска во текот на минатата година ослободи поголем дел од областите кои беа под контрола на џихадистите, меѓу кои се вбројуваат и градовите Рамади, Хит и Хутубу во провинцијата Анбар, западно од Багдад.

Исламската држава последните неколку месеци ги засили нападите над цивили во населени области далеку местата каде се случува војна, а под нејзина контрола е и понатаму градот Мосул и поголемиот дел од територијата на север и запад од Ирак, како и во соседна Сирија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com