HomeДЕНЕШНАПолитикаНови 30 дена домашен притвор за битолскиот градоначалник

Нови 30 дена домашен притвор за битолскиот градоначалник

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 денеска одлучи, градоначалникот на Битола, Владимир Талески да остане во домашен притвор уште 30 дена.

“Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за продолжување на мерката за обезбедување присуство против В.Т., осомничен дека го сторил кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в со ст.1 в.в со чл. 22 и сл.45 од КЗ, го уважи предлогот и ја продолжи мерката куќен притвор за нови 30 дена.

Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор“, се вели во соопштението на Кривичен суд.

Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт, со што според СЈО, Битола го плаќала најскапиот превоз во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com