HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНови сознанија околу смртта на Принц, фалсификувани лекови против болки наместо витамин Ц

Нови сознанија околу смртта на Принц, фалсификувани лекови против болки наместо витамин Ц

Неколку таблети, земени од куќата на американскиот пејач Принц после неговата смрт, биле фалсификувани и содржеле фентанил- наркотични аналгетици кои се 50 пати појаки од хероинот, соопшти во неделата функционер близок до оваа истрага. Во паркот Пејсли во Минесота, каде Принц живееше и имаше свое студио, биле пронајдени десетина таблети, а повеќе од нив биле пронајдени во шишиња за Витамин Ц и аспирин.

Prince

Тие шишиња биле пронајдени во куфер и торби, меѓу кои и една која Принц постојано ја носел со себе. Резултатите од аутопсијата, објавени во јуни, покажале дека 57-годишниот Принц починал од „случајно предозирање од фентанил“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com