HomeДЕНЕШНАПолитикаНовите албански партии ќе бојкотираат, ДПА се мисли

Новите албански партии ќе бојкотираат, ДПА се мисли

Повеќето од новоформираните албански опозициони партии најавија бојкот на изборите. Ставот на Унитети на Гзим Острени, БЕСА и НДП е многу сличен на СДСМ и тие нема да излезат на избори за кои сметаат дека не се создадени сите фер и демократски услови за политички натпревар.

ДПА која е единствена опозициона партија во парламентот се уште не донела конечна одлука дали ќе се појави на изборите или пак ќе се вклучи во поголем опозициски фронт против делување на власта составена од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои како коалициони партнери се погрижија за распуштање на парламентот и неизбежно закажување на изборите на 5 јуни без никаква опција за понатамошни одложувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com