HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНовиот албум на „Red Hot Chili Peppers“ пуштен во продажба

Новиот албум на „Red Hot Chili Peppers“ пуштен во продажба

Новиот албум на групата „Red Hot Chili Peppers“, „The Getaway“, вчера беше промовиран и е пуштен во продажба ширум светот. Љубителите на овој бенд на нов материјал чекаат веќе пет години, колку што поминаа од нивното претходно издание „I’m With You“.

Новиот албум „The Getaway“ беше најавен со песната „Dark Necessities“, во која се пее за проблемите со зависноста. До денес имаат продадено повеќе од 50 милиони албуми ширум светот, освоија многу награди и неколку пати беа прогласувани за најдобар концертен бенд во светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com