HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарот Зоран Божиновски на распит во судот

Новинарот Зоран Божиновски на распит во судот

Новинарот Зоран Божиновски денеска беше спроведен од Истражниот затвор „Скопје“ во скопскиот кривичен суд каде пред судија на претходна постапка дал своја првична одбрана за случајот „Шпион“. Тој ги негирал сите обиненија кои му се ставаат наз товар, притоа појаснувајќи дека делата за кои што тој се сомничи се случиле во период кога тој бил надвор од земјава.

Неговиот адвокат, Миле Петровски потврдува дека судот, пред три дена, го отфрлил неговото барање за укинување на мерката притвор за Божиновски, но тој верува дека по завршување на истрата притворот да биде укинат, а дека тоа може да се случи до крајот на овој месец. За Божиновски имаше распишано меѓународна потерница, а екстрадицијата се случи на само два дена пред одржувањето на парламентарните избори во соседна Србија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com