HomeДЕНЕШНАРепубликаНовинарот Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија

Новинарот Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија

Српски Тањуг објавува дека македонскиот новинар Зоран Божиновски е екстрадиран во Македонија, а истото го потврди и домашното министерство за внатрешни работи.

Министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ ја потпишал одлуката за екстрадиција на Божиновски веднаш откако судот решил дека се исполнети сите претпоставки за негово испорачување.

Инаку, новинарот Зоран Божиновски е уапсен утринава во Нови Сад, по потерница од македонските власти за случајот шпиун.Овој човек веќе еднаш бил во екстрадиционен притвор но пред три години бил пуштен на слобода и досега ја чекал одлуката за азил од српските власти, кој за жал не успеа да го добие.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com