HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНова ѕвезда го напушта „Етихад“!

Нова ѕвезда го напушта „Етихад“!

Се чини дека е готово, искусниот везист кариерата ќе ја продолжи во Турција. Како што пишуваат француските медиуми, фудбалерот на Манчестер Сити, Сами Насри кариерата ќе ја продолжи во редовите на турскиот шампион Бешикташ. Насри беше желба на Манчини, но тој доби отказ од Интер и логично е дека Французинот нема да заврши таму.

Сега во целата приказна се вклучи Бешикташ, кој сака да ја засили екипата пред предизвиците од Лигата на шампионите. Клубот од Истанбул го напуштија важни фудбалери од минатата сезона како Гохан Торе (Вест Хем), Хозе Соса (Милан) и Марио Гомез (Волфзбург), па сега управата на клубот има задача да им пронајде адекватни замени.

sn640497141020160819170159

Според француските медиуми преговорите се веќе во тек и фудбалерот наскоро би требало да биде претставен во Бешикташ но прво како позајмен фудбалер. Тој не е во плановите на Пеп Гвардиола, позајмица звучи како решение, а најверојатно турскиот клуб во договорот ќе вклучи и одредена клузула по која ќе може да го доведе во своите редови на крајот од сезоната.

Насри кариерата ја започна во Олимпик Марсеј, а после четири години поминати на „Велодром“ премина во редовите на Арсенал.

За топџиите одигра 86 натпревари во Премиер Лигата за три сезони, за потоа да направи трансфер во Манчестер Сити. За тимот од „Етихад“ одигра 123 натпревари во лигата и постигна 18 погодоци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com