HomeДЕНЕШНАСветНова несреќа со Tesla, виновен ли е автопилотот?

Нова несреќа со Tesla, виновен ли е автопилотот?

Компанијата Tesla Motors постојано ги предупредува возачите дека автопилотот во елетричните автомобили што ги произведува се уште се во тест фаза, но тие не обраќаат внимание на ова и им ја даваат целата власт на компјутерите што управуваат со возилото. Имаше случаи со повредени и настрадани поради автопилотот на Tesla.

На почетокот на август во се случила нова несреќа, во која автопилотот на Tesla не застанал настрана. До несреќата дошло кога возило на Tesla удрило во бочната страна на автомобилот, кој бил запрен од левата страна на патот (возач ставил триаголник како предупредување за другите возачи). На видеата од автомобилот се гледа дека автомобилот продолжил да вози во својата лента и не се ниту обидело да го заобиколи запрепниот автомобил, кој бил влезен малку во неговата лента.

Возачот ја обвинува компанијата Tesla Motors за овој проблем. Сведоци сме дека Елон Маск порано не увери дека електричните автомобили заобиколуваат пречки и возила на патот. За среќа, никој не е повреден, туку има само мала материјална штета.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com