HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНова музика на Лејди Гага до крајот на месецот?

Нова музика на Лејди Гага до крајот на месецот?

Чејс Марфи, радискиот водител на станицата Микс 96.1 од Тексас внесе возбуда во светот на обожавателите на американската пејачка Лејди Гага. Во својата емисија тој откри дека новата музика на Лејди Гага треба да излезе за најдоцна 30 дена. Поточно, тој му се обратил на Твитер на едно момче преку приватна порака, но тој оваа информација ја проширил низ целиот свет.

„Нејзината издавачка куќа ми изјави дека можам да очекувам новам музика во рок од 30 дена“, напиша Чејс, потврдувајќи дека информацијата ја добил од издавачката куќа „Интерскоуп“. Лејди Гага на новиот албум работи веќе две години, а познато е дека на него соработува со Марк Ронс, додека Елтон Џон истакнува дека она што го слушнал од албумот е апсолутно генијално.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com