HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНова голема победа на Тотенхем!

Нова голема победа на Тотенхем!

Натпреварот помеѓу Стоук и Тотенхем беше последен во рамките на 34 коло од англиската Премиер лига. „Петлите” уште еднаш прикажаа одлично издание и на најдобар начин го искористија ремито на Лестер против Вест Хем. Гостите веќе во деветата минута дојдоа до водство преку феноменалниот Хари Кејн. Клубот кој оваа сезона се бори за титулата не застана тука, напаѓаше, создаваше шанси, а најдобрата ја имаше Кристијан Ериксен кој во ситуација еден на еден ја погоди пречката од голот на домаќините.

Сепак она што не го искористија во првиот дел го надополнија во вториот со уште три погодоци. Прво Деле Али ја погоди во 67 минута, потоа Кејн само четири минути подоцна, а конечните 4:0 ги постави Деле Али со својот втор погодок. Тотенхем во следното коло ќе игра против ВБА на свој терен, додека Стоук ќе му гостува на Манчестер Сити.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com