HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНишто од Јунајтед, Поќетино го продолжи договорот со Тотенхем

Ништо од Јунајтед, Поќетино го продолжи договорот со Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем Маурисио Поќетино го продолжи договорот со клубот до 2021 година. Актуелниот договор на Аргентинецот му истекуваше за три години, но му беа понудени подобри услови за да остане на „Вајт Харт Лејн“, после една од најдобрите сезони во клубот во последните неколку децении и второто место во Премиер лигата.

Претходните неколку месеци се шпекулираше дека Поќетино на својата клупа го посакува Парис Сен Жермен, додека англиските медиуми последните денови пишуваа дека тој одржал таен состанок со Сер Алекс Фергусон и дека ќе го превземе Манчестер Јунајтед.

„Не можам да бидам посреќен. Ова беше лесна одлука за мене и мојот стручен штаб. Имавме одлична сезона и верувам дека ова е само почеток. Верувам дека можеме да постигнеме големи работи во иднина“, изјави Поќетино за сајтот на клубот. Оваа година Тотенхем водеше голема борба со Лестер за титулата во Премиер лигата, за на крајот сепак да не успее да победи. Поќетино, Покрај Тотенхем и Сутемптон, во својата кариера го водеше и Еспањол.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com