HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНик Џонас објави нов албум

Ник Џонас објави нов албум

Познатиот американски изведувач Ник Џонас го објави долгоочекуваното студиско издание „Last Year Was Complicated“ претходно најавено со синглот „Close“. Новиот албум носи 12 песни, а Ник до сега ја објави веќе спомената нумера „Close“ во соработка со Тове Ло, но и песните „Chainsaw“, „Champagne Problems“ и „Bacon“. Со веќе објавените песни, на новото издание се најде и песната „Good Girls“ во соработка со Биг Син.

„Last Year Was Complicated“ го наследува дебитантскиот албум на Ник Џонас од 2014 година, кој му донесе мултипланетски хитови како „Jealous“ и „Chains“. Продуцент на албумот е Макс Мартин, додека автори на текстовите се Џејсон Евиган, Нолан Ламброза и Симон Вилкокс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com