HomeДЕНЕШНАСветНик Кејв во септември објавува нов албум

Ник Кејв во септември објавува нов албум

После шпекулациите дека „Nick Cave & The Bad Seeds“ во септември ќе објават нов албум, бендот официјално ја потврди информацијата и објави дополнителни детали. Албумот е наречен „Skeleton Tree“ и ќе биде објавен на 9 септември. Ќе го следи концертниот филм „One more time with feeling“ кој од 8 септември ќе започне да се прикажува во кино-салите.

Филмот го следи трагична позадина, смртта на синот на Кејв. Песните од албумот ќе бидат свирени во живо, заедно со интервју и други снимки. Филмот ќе биде црно-бел а ќе биде достапна и 3Д верзија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com