HomeРЕФЛЕКТОРФилмНикој не може да ја тргне од врвот: Таа е најплатената телевизиска актерка!

Никој не може да ја тргне од врвот: Таа е најплатената телевизиска актерка!

Магазинот Форбс ја објави листата од најплатени телевизиски актерки за изминатите неколку години, а ѕвездата од серијата „Modern family“ се најде на самиот врв на оваа листа со заработка од 43 милиони долари. 44-Годишната Софија Вергара е најплатена телевизиска актерка, според магазинот Форбс. Колумбијката заработила 43 милиони долари благодарение на серијата „Modern family“ и бројните ангажмани во рекламите на популарните брендови.

На второто место се наоѓа Кејли Куоко со заработка 24.5 милиони долари. Кејли заработува по милион долари од епизода. На третото место е комичарката, актерката и авторката на серијата „The Mindy Project“, 37-годишната Минди Калинг со 15 милиони долари. Минди минатата година се наоѓаше на осмата позиција, па ова е голем напредок за неа.

180719015957da5d79ba172580904830_v4_big

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com