HomeДЕНЕШНАСветНикол Шерцингер и Калвин Харис се забавуваат до раните утрински часово

Никол Шерцингер и Калвин Харис се забавуваат до раните утрински часово

Откако Калвин Харис раскина со популарната пејачка Тејлор свифт, се чини дека на британскиот диџеј му треба малку забава, а доказ за тоа се неговите заеднички фотографии со американската ѕвезда Никол Шерцингер (38) снимени викендов пред еден ноќен клуб во Лондон. Раскошната Никол се појавила во сандали на платформа во бежова боја и маслинесто зелена комбинација која ги истакнувала нејзините атрибути, а со популарниот диџеј е снимена како заедно влегуваат во клубот.

Судијката во британското шоу „Икс Фактор“ на фотографиите се гледа како го фатила под рака својот пријател и изгледале многу блиски, додека се подготвувале да заминат на друга забава .Келвин неодамна ја раскина неколкумесечната врска со американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, која веднаш потоа стапи во врска со британскиот актер Том Хидлстон.

Додека Том и Тејлор не се симнуваат од насловните страници на светските таблоиди, Келвин сепак е повоздржан кога станува збор за својот приватен живот. Неговата постара колешка, Никол Шерцингер извесно време се забавува со бугарскиот тенисер Григор Димитров, со кој ги лекува раните од болната разделба со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон со кој беше во врска 5 години.

Nikol Shercinger5

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com