HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски откри увоз на отровни краставици – Има ли одговорност во земјоделство

Николовски откри увоз на отровни краставици – Има ли одговорност во земјоделство

Дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски поставен од СДСМ откри нов скандал за нефункционирањето на службите на министерството за земјоделство за наводен увоз на токсични краставици за кои немало никакви контроли.

„Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок од увозни краставици произведени од областа Лушна – Албанија, купени на Кванташки пазар, за да се испита присуство на пестициди. Резултатите ги добивме, а тие се загрижувачки и алармантни. Испитувањето и анализите добиени од страна на ДФЛ покажаа дека увезената краставица од Албанија содржи двојно повеќе пестициди отколку што е законски дозволено, односно концентрација на активна супстанца Metalaxyl која е отровна“, посочи заменик министерот Николовски.

На прес конференцијата беше соопштено дека докрај ќе се следи како ќе се истражи и реши овој случај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com