HomeДЕНЕШНАПолитикаНиколовски: Некој ќе одговара за штетите од јазлестата кожа

Николовски: Некој ќе одговара за штетите од јазлестата кожа

Љупчо Николовски екс заменик министерот за земјоделство повторно ги обвини државните институции за неспособност да се справат со кризата со јазлестата кожа која погоди голем број на сточен добиток низ Македонија.

„Пропустите и грешките на Агенцијата за храна и на Министерството допринесоа сточарите, млечната и месната индустрија во Македонија да трпат огромни штети. Сточните пазари се затворени. Се јавува млечна криза и забрана за извоз на млеко и месо од целата територија на Македонија. Сточарите на коишто им беа одземени животните никој не ги обештетува. Се уште нема исплата на штета за ниту едно одземено грло добиток од сточарите и не се знае кога тоа ќе се случи“.

Без оглед што сега триумфално се најавува дека вакцините ќе пристигнат, штетата е веќе направена.

„Веќе трет месец се чекаат фамозните 250.000 вакцини против болеста. Ваквите катастрофални грешки на ВМРО-ДПМНЕ ќе го преполоват бројот на говеда во земјава, ќе ги банкротираат сточарите и ќе ја срушат млечната и месната индустрија во Македонија. За оваа катастрофа поради нестручност на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ одговорност мора да има.

Проблемот е и регионален бидејќи заболување од јазлеста кожа кај стоката има и во Бугарија и Србија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com