HomeДЕНЕШНАРегионНиколиќ: Србија и да не влезе во ЕУ не го признава Косово

Николиќ: Србија и да не влезе во ЕУ не го признава Косово


Томислав Николиќ, претседателот на Србија, повторно истакна дека Србија нема никогаш да го признае Косово како независна и посебна држава, па макар тоа да ги чини и членство во Европската Унија за кое политичкиот врв во последните години изрази јасни сигнали дека е подготвен да се интегрира.

„Нема да бидеме член на било каков сојуз кој бара такво нешто од нас. Благодарен сум им на сите земји кои не го признале Косово“, вели Николиќ. Процесите за евроинтеграција секако, ќе продолжат но, во каква форма и динамика без еден од клучните услови останува да го решат самите земји членки на ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com