HomeДЕНЕШНАПолитикаНикола Попоски: Списокот е прочистен, СДСМ мора да ја врати довербата

Никола Попоски: Списокот е прочистен, СДСМ мора да ја врати довербата

Министерот за надворешни Никола Попоски на партиската конференција ги претстави ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за можното формирање на преодна влада која овој пат треба сериозно да поработи на реформи кои ќе доведат до избори. Главната позиција на владејачката партија е дека Избирачкиот список е прочистен и дека СДСМ мора да го прифати и да ја врати довербата, па потоа да влезе во влада.

– Охрабрува фактот дека СДСМ конечно е свесен дека деструктивна политика наидува на се поголема осуда од граѓаните. Останува очигледно дека партијата сеуште нема покажано капацитет да излезе од агонијата и конечно да почне со конструктивна политика, во интерес на сите граѓани на Република Македонија, вели Попоски.

Попски смета дека СДСМ на повеќе наврати избега од избори кои сама ги побара, а нивното одложување го прослави еднакво на победа.

– Во такви услови, се продолжува со функционирање според деструктивното мото – “колку полошо за државата и за народот, толку подобро за партијата”. Ова е погрешен концепт и треба сите кои го промовираат, да се соочат сами со себе, пред да се соочуваат со Македонија, заклучи Попоски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com