HomeАНТИСТРЕСЖуркиНики Ромеро со ексклузивен сет за првото издание на „Охрид Колинг“

Ники Ромеро со ексклузивен сет за првото издание на „Охрид Колинг“

Ники Ромеро е моментално најбараното име од долгата листа на диџеи од Холандија и прогласен е за еден од најдобрите артисти на престижната топ листа на Диџеј Маг (DJ Ma). Нема фестивал на кој Ромеро не настапува ова лето, а и оваа година е резидент диџеј на најславните клубови на Ибица.

Македонската публика и онаа од целиот регион ќе има шанса за првпат да ужива во неговите хитови на првото издание на Охрид Колинг што ќе се одржи на 1 август, на стадионот „Билјанини извори“.

Во развојот на својата кариера многу му помогна тоа што стана миленик на најголемиот хитмејкер на 21 век, Дејвид Гета со кого и често соработува, а на листата на соработници тука се додаваат и најпопуларните пејачки како Ријана, Бритни Спирс и Сија.

– На Ријана и пуштив неколку песни, некои беа малку повеќе во хип-хоп стил, некои беа електронски. Ги слушна сите и рече дека сака да направи комбинација од се, да спои два света и така дојдовме до хитот „Right now“ – вели Ромеро за соработката со Ријана.

Покрај овие имиња, Ники Ромеро соработува и со најпопуларните диџеи во последниве години, како: Тиесто, Дејвид Гета, Келвин Харис, Авичи, Хардвел.

Настапот е во организација на Авалон продукција и ќе трае 90 минути.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com