HomeСТУДЕНТУМНиза скандали на Студентски Парламент, Пленумот бара прекин на изборите на СПУКИМ

Низа скандали на Студентски Парламент, Пленумот бара прекин на изборите на СПУКИМ

Студентскиот Пленум денеска обвини за низа неправилности и скандали на Студенскиот Парламент. Жестока расправија почна кога претставниците на Студентскиот Пленум со барање за прекин на изборот за нов претседател на Студентскиот Парламент, денеска побараа одговори од актуелниот претседател, Кирил Спироски и Изборната комисија околу законитоста на целата постапка.

Пленумци тврдат дека повикот за кандидати за претседател на Студентскиот Парламент е објавен минатиот петок, односно на 10. јуни и тоа не на сите матични факултети, а рокот за пријавување е до 19. јуни, до кога заинтересираните кандидати треба да соберат најмалку 3 000 студентски потписи. Со тоа, велат Пленумци, скртен е рокот и можноста за информирање на заинтересираните кандидати и e повредено правото на учество.

„Кирил Спировски распишал избори на 10. јуни, со рок за одржување на 30. јуни. Во овој академски календар за учебната година, одобрен од Сенатот, вели дека втората испитна сесија се одржува од 15. мај до 15. јуни. Универзитетот повторно се реактивира на 15. август со третата испитна сесија. Значи дека Кирил Спировски со неговиот нелегален Парламент се обидува на 30. јуни да фалсификува студентски избори, се со цел да стекне легалност и легитимитет на студентските претставници за да може да се избере ректор“, изјави претставничката на Студентскиот Пленум Ивана Туфегџиќ.

Вакво однесување според Пленумци е скандалозно бидејќи времето е кратко, а Правилникот за избор не им е достапен на студентите.
„Студентите се на студентски патувања, завршени им се сесиите и се вратени во своите места, со што се дискриминирани студентите што живеат во другите градови и не можат да учествуваат во постапката за кандидатура, во која за еден кандидат треба да се соберат 3 илјади потписи во просториите на овој Парламент, за да може да поднесе кандидатура“, рече студентката Туфегџиќ.

На ваквите обвинувања на Пленумците, претседателот Кирил Спировски им возврати да се обратат писмено со своите барања. По вжештување на атмосферата во просториите на Студентскиот Парламент, тој ја обвини студентката Туфегџиќ дека за нејзините активности го реферира претседателот на опозициската младина. Дел од останатите членови на Парламентот пак, ги обвинија Пленумците дека се финансирани од Сорос.

Студентите бараат Ректоратот и Сенатот при УКИМ итно да се вклучат во решавање на студентското организирање, бидејќи сметаат дека се случува груба злоупотреба и фалсификат на студентската волја.

извор: Новатв.мк

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com