HomeДЕНЕШНАНестабилно, но топло време…

Нестабилно, но топло време…

Претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до повремено засилен северен ветер кој преку денот ќе засилува и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 25 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. До крајот на денот облачноста ќе се намали и во Скопската котлина. Од наутро ќе дува умерен северен ветер кој преку денот повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com