HomeДЕНЕШНАРепубликаНестабилноста ќе се задржи со пороен дожд и грмежи

Нестабилноста ќе се задржи со пороен дожд и грмежи

Вчера Скопје го претрпе едно од најголемите невремиња кои не се паметат во последните децении со обилни количини на дожд, а според мерењата имало и околу 1000 грмотевици.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во западните и северозападните делови од земјава имаше нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со поинтензивен пороен дожд беа зафатени планинските делови, Мавровскиот регион, Шарпланинскиот масив и Полошката котлина. Во западните и југозападните делови од Скопскиот регион беше нестабилно со грмежи и засилен северен ветер кој на моменти достигнуваше брзина до 72 км/час, се наведува во соопштението на УХМР.

За денес се очекува променливо облачно посвежо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови каде се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 25 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 / 29 степени.

До понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен доќд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето се очекува од среда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com