HomeДЕНЕШНАСветНесреќа на најголемиот брод за туристички патувања, еден починат, четворица повредени

Несреќа на најголемиот брод за туристички патувања, еден починат, четворица повредени

Инцидентот се случил за време на една редовна вежба за спасување, кога чамец за спасување, во кој се наоѓале петмината членови на посадата, се откачил и се урнал од 10 метри височина во море. Еден член на екипажот починал, а четворица други се повредени во несреќата што се случи на најголемиот брод за туристички патувања во светот „Хармонија на морињата“, соопшти компанијата сопственик на крузерот „Ројал Карибиан Круз“.

Од повредените лица двајца се наоѓале во критична состојба. Инцидентот се случил во Марсеј на југот од Франција, каде „Хармонија на морињата“ се наоѓа во моментов.Загинатиот член на посадата е Филипинец, додека од повредените, тројца се од Филипините, а еден од Индија. Бродот е долг 362 метри и на него може да патуваат осум илјади патници и членови на екипажот. Овој крузер е висок колку зграда од 25 ката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com