HomeДЕНЕШНАСветНемири во Багдад, четворица загинати и голем број повредени

Немири во Багдад, четворица загинати и голем број повредени

Најмалку четири лица се загинати и околу 90 се повредени во демонстрациите во центарот на Багдад, соопштуваат болнички извори. Според кажувањата, демонстрантите навлегле во добро обезбедуваната Зелена зона во центарот на Багдад.

Ирачките безбедносни сили истрелале боева муниција и гумени куршуми, како и солзавец, за да ги растераат демонстрантите од зоната, во која се наоѓаат владината зграда, Парламентот и амбасади.

Бројката на загинатите и повредените, која е собрана од четири болници и централната багдадска мртовечница, се однесува исклучиво на жртви на пукотниците, а не на бројот на задушувањата поради употребата на солзавец.

Ирачката војска соопшти вчера дека властите воспоставиле целосна контрола врз немирите, откако силите за безбедност отвориле оган кон демонстрантите, кои упаднале во Зелената зона.

Меѓу нив биле и поддржувачите на шиитскиот муслимански верски лидер Моктада ал Садр и луѓе од други групи кои бил незадоволни поради неуспехот на Владата во донесување на реформи за борбата против корупцијата и во обезбедувањето на побезбедни услови за живот на Ирачаните.

Моктада ал Садр ги поддржа демонстрантите и ја осуди употребата на сила врз нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com