HomeДЕНЕШНАПолитикаНема притвор ниту за Талески, продолжува постапката за „Транспортер“

Нема притвор ниту за Талески, продолжува постапката за „Транспортер“

Кривичниот суд откако два часа го испитуваше Владимир Талески, градоначалникот на Битола, не се одлучи да одреди мерка притвор иако обвинителите на СЈО доставија повеќе кутии со доказен материјал за вкупно 81 криминално дејствие.

Владимир Талески придружуван од адвокатот Никола Додовски, кој воедно е и адвокат на Никола Груевски и други членови на владејачката партија, го напушти Кривичиот суд од задната страна без да даде изјави за медиумите.

Талески заедно со уште 22 лица е осомничен за злоупотреби при склучување на договорите со приватните превозници за училишниот превоз во општина Битола.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com