HomeДЕНЕШНАСветНема да се одржи состанокот помеѓу Елтон Џон и Владимир Путин

Нема да се одржи состанокот помеѓу Елтон Џон и Владимир Путин

Претседателот на Русија Владимир Путин нема да одржи состанок со Елтон Џон за време на посетата на музичарот на Русија кон крајот на овој месец, бидејќи не можеле да најдат слободен термин за да се одржи оваа средба, меѓутоа не е исклучена опцијата овој состанок да се одржи во некоја наредна прилика. Путин телефонски го контактирал Елтон Џон повикувајќи го на состанок, откако Елтон Џон јавно изрази желба да се средне со претседателот и да разговара за правата на хомосексуалците во Русија.

„Во контакт сме со Елтон Џон веќе неколку недели и се обидуваме да договориме термин за негова средба со Путин. За жал, и покрај добрата воља на претседателот, во оваа прилика тој состанок нема да се случи“, изјави портпаролот Димитриј Песков. Песков додаде дека нивните распореди не се совшаѓаат, но дека тоа не значи дека тие нема да се сретнат во некоја друга прилика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com