HomeДЕНЕШНАРепубликаНеколебливиот полицаец од Охрид се пожалил на мобинг

Неколебливиот полицаец од Охрид се пожалил на мобинг

Сообраќајниот полицаец од Охрид кој доби големо медиумско внимание откако му напиша казна на својот командир бил принуден да земе боледување бидејќи постојано трпел притисоци и мобинг на работното место, известува порталот Охрид1 врз свои извори од СВР Охрид.

Како што дознава порталот тој поднел и пријава до Внатрешна контрола против неговиот претпоставен со која го пријавил за вршење на мобинг. Од сообраќајниот полицаец се барало да ја смени својата изјава, со што фактички би се обезбедила своевидна амнестија за казнетиот командир, нешто на што тој упорно се спротиставувал.

Три дена по ред на овој сообраќаен полицаец не му се давале работни задачи на терен и бил распоредуван да седи во една канцеларија без никакви работни обврски, притоа постојано барајќи од него да ја смени изјавата.

Во моментов сообраќајниот полицаец е на боледување заради психичка тортура, а Охрид1 испрати прашање до Полицијата дали е поднесена пријава против претпоставениот командир кој барал да се промени изјавата.

Извор: Охрид1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com