HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНекогаш одличен голгетер во Премиер лигата, сега на проба во пета лига

Некогаш одличен голгетер во Премиер лигата, сега на проба во пета лига

Борхум Вуд е екипа која се натпреварува во петиот ранг во Англија, а сега би можеле да добијат големо засилување.

Се сеќавате ли на Јакубу Ајегбени?

Jakubu 2

Овој 33-годишен напаѓач ја заврши својата одисеја по Турција каде играше за Кајзери, па сега одлучи повторно да се врати во Англија. Но не во Премиер лигата, ниту пак во Чемпионшип. Не се во прашање ниту Лига 1 или Лига 2, туку Националниот, односно петиот ранг на натпреварување во Англија. Покрај тоа, тој се уште не е потпишал договор, туку ќе мора да ја помине пробата за да игра во Борхум Вуд.

Напаѓачот од Нигерија своевремено беше еден од најдобрите голгетери во Премиер лигата, постигна фантастични 79 погодоци играјќи за Портсмаут, Мидлсборо и Евертон.

Тој беше и капитен на репрезентацијата на Нигерија, а за нив на 57 натпревари постигна 21 погодок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com