HomeДЕНЕШНАПолитикаНезависниот синдикат на полицијата бара од Уставен да се произнесе за колективниот договор

Независниот синдикат на полицијата бара од Уставен да се произнесе за колективниот договор

Независниот синдикат на полицијата бара Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за испитување на уставноста на колективниот договор за работа во граничната полиција.

„Го молам Уставниот суд по пат на прекинување, односно отфрлување на одредбите од членовите на иницијативата која е дадена од моја страна како независен синдикат на полицијата за отфрлување на колективниот договор од 30 април 2015 година, за да можеме да ги сопреме сите одлевања на парични средства со кои буквално за многу кратко време ќе бидат процесуирани тужбите по судовите низ цела Македонија“-вели Гоце Делчев Тодев, претседател на независниот полициски синдикат.

Оттаму се жалат дека надлежните го кршат Законот за работни односи, а полицајците од неколку станици на северната граница се жалат на катастрофални услови и за половина дневница. Се надеваат дека ќе биде отфрлен колективниот договор од април минатата година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com