HomeДЕНЕШНАПолитика(Не)договор од Пржино

(Не)договор од Пржино

И денеска на средбата во Пржино не е постигнат никаков договор. И по сите дипломатски напори кои се засилија со доаѓањето на Викторија Нуланд, договор се уште нема. Во денешните разговори учествуваа заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ, Артан Груби до ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Преговорите меѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови. Теми на разговор беа медиумите, прочистувањето на избирачкиот список, но и за специјално судско одделение.

Амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав не се разочарани од денешната средба, бидејќи се работело добро, а разговорите биле конструктивни. Според нив некогаш е потребно време за да се дојде до договор. Партиите се во обид да ги надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза поврзани со Избирачкиот список и со реформите во медиумите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com