HomeРЕФЛЕКТОРФилмНедоветна сцена на канскиот филмски фестивал – гостите преплашени од божемен напад на ИД

Недоветна сцена на канскиот филмски фестивал – гостите преплашени од божемен напад на ИД

Гостите на Меѓународниот филмски фестивал во Кан беа преплашени од група актери кои изведоа божемен напад од џихадистичката Исламска држава (IS) врз прочуениот хотел „Hotel du Cap Eden-Roc“ на ‘ртот Антиб, пишува британскиот весник The Daily Telegraph.

Француска интернет компанија ја обвинија за недоветен пиар трик, со кој ги убедила ВИП гостите во Кан дека се цел на терористички напад. Шест глумци, облечени во маскирни униформи и со прекриени лица, во петокот пловеле со гумен чамец на кој било истакнато црно знаме кон плажата на крајбрежниот луксузен хотел. Гостите во „Hotel du Cap Eden-Roc“ кој е омилено место на холивудските ѕвезди, во паника почнале да трчаат барајќи безбедно место да се засолнат, а некои се вкочаниле од страв очекувајќи го нападот на терористите, пишува весникот.

Се истакнува дека и покрај појавата на чамецот со наводните терористи, персоналот на хотелот спокојно продолжил да ги служи гостите во ресторанот, но сепак веднаш ја алармирале полицијата. Според очевидци, гостите на хотелот, забележувајќи го чамецот со наводните терористи, брзо се упатиле кон делот до хотелот со базени.

Како што натаму пишува The Daily Telegraph, подоцна се покажало дека шоуто кое предизвикало паника и страва,било организирано како дел од рекламна кампања на веб-сајтот Oraxy, кој се промовира себеси како онлајн аукциска куќа за милијардерите.

Меѓутоа, имајќи ги предвид ланските терористички напади во Париз, како и сличните изведени во туниските летувалишта, очигледно дека оваа идеја била целосно несоодветна и промашена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com