HomeДЕНЕШНАРепубликаНевреме ни претстои за викендов

Невреме ни претстои за викендов

Под влијание на циклонска активност и влажен бран од Медитеранот, утре и во сабота времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови. Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината.

Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com