HomeДЕНЕШНАПолитикаНДМ сака Иванов да биде прогласен за нестабилен од Уставен суд

НДМ сака Иванов да биде прогласен за нестабилен од Уставен суд

Народно движење за Македонија како што најави денеска ќе ја поднесе иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за постоење на околности кај претседателот Иванов кои може да влијаат на неговата спреченост да ја врши функцијата и дека е нестабилен.

Главните причини за поведување на оваа „психијатриска“, а не правна иницијатива, според НДМ се неодамнешните одлуки на Иванов само делумно да ја повлече аболицијата откако претходно предизвика сериозна криза со помилувањето на голем број на политичари.

gorge-ivanov

Народното движење се сомнева дека има ситуации кои влијаат врз душевната состојба и размислувањето на Иванов тој да не може да разбере какви дејствија презема и затоа се обраќа до Уставниот суд.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com