HomeДЕНЕШНАЕкономијаНБРМ смирува по кризата, депозитите не се повлекуваат рапидно

НБРМ смирува по кризата, депозитите не се повлекуваат рапидно

Димитар Богов, гувернерот на Народната Банка, ја смирува јавноста со информацијата дека во комерцијалните банки запрен е трендот на повлекување на депозитите на штедачите што беше пред се предизвикано од неизвесноста на политичката сцена и можноста од голема криза.

„Засега ситуацијата се стабилизира, потребните сигнали се пратени и веќе гледаме одговор од банките кои ги зголемуваат каматите на депозитите. Сметаме дека засега ќе нема потреба за дополнително зголемување, но остануваме будни и подготвени да употребиме мерки од монетарната политика ако се неопходни за да се зачува макроекономската стабилност“, истакна гувернерот Богов.

nbrm

Креирањето на панични сценарио на никого не му оди во прилог, а најмалку на вредноста на домашната валута денарот, па затоа се превземаат сите монетарни мерки за стабилизација на состојбата, уверуваат од НБРМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com