HomeАНТИСТРЕСЖуркиНа Soundbox ќе настапат две американски ДЏ легенди

На Soundbox ќе настапат две американски ДЏ легенди

Фановите на електронската музика, на 16 јуни на Скопско лизгалиште ги очекува единствениот целовечерен настан SOUNDBOX кој ексклузивно и прв пат во Македонија претставува двајца великани од американската диџеј сцена! Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX доаѓаат: ексцентричниот Green Velvet – еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката Ерик Морило – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.

Покрај нив, во листата на изведувачи за овој настан се запишуваат диџеите Александар Мискоски и Маци Стојановиќ кои, на единствената забава која вкупно ќе трае повеќе од 6 часа, ќе го претстават звукот на домашната електронска сцена.

SOUNDBOX настанот во организација на Password Production и EEMM Group, ќе се одржи на 16 јуни на Скопско лизгалиште, со почеток во 22:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 21:30 часот.

Влезниците за SOUNDBOX ќе бидат достапни од среда (18 мај), преку продажната мрежа на МКтикетс во претпродажба ќе биде 400 денари, додека билетите на денот на одржување на настанот (16 јуни) ќе чинат 500 денари.

Покрај регуларните, во продажба ќе бидат достапни и ВИП билетите од 800 денари, како и ВИП пакетите кои чинат 5.000 денари (4 ВИП билети + висока барска маса + шише алкохол по избор Finlandia/Tullamore Dew/Jagermeister).

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com