HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураНа 8 април промоција на романот „Исповеди на еден Психотичен Ум“

На 8 април промоција на романот „Исповеди на еден Психотичен Ум“

 

Промоцијата на романот ќе се одржи на утре, 8 април во петок, во 17 часот во скопскиот бар „Speakeasy“, со изненадување за сите гости и посетители. Ова е литературно првенче на Владимир Ристевски со наслов „Исповеди на еден Психотичен Ум“. Романот е слика на младите, урбани луѓе кои се во потрага по нивното место во новото динамично општество каде што правилата и вредностите се веќе целосно изместени.

Инаку, авторот на романот Владимир Ристевски е роден во 1984 година во Скопје каде завршува факултет на Катедрата за англиски јазик и книжевност при филолошкиот факултет „Блаже Конески”. Тој е долгогодишен преведувач – толкувач по англиски јазик со голем број на преведени романи и збирки поезија, како и колумнист и писател.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com