HomeДЕНЕШНАСветНа што ги предупреди Канада граѓаните кои патуваат во Македонија

На што ги предупреди Канада граѓаните кои патуваат во Македонија

Службата за проценка на ризици во канадската влада изработи листа на препораки за канадските граѓани до која треба да се придружуваат додека патуваат во Македонија како земја со вообичаени ризици и во овој момент без реални терористички закани или внатрешни конфликти.

Тоа што најмногу се издвојува на препораките за канадските граѓани е дека хомосексуалноста во Македонија е легална, но не е општествено прифатлива, па затоа треба да внимаваат. Во поглед на внатрешната безбедност се препорачува дека јавниот превоз не ги исполнува канадските стандарди и не е толку сигурен, па затоа канаѓаните се упатуваат да се возат со такси, но однапред да прашаат за цената на возењето.

За македонската храна нема особен ризик, но доколку туристите се сомневаат да го применат правилот „свари, изготви, излупи или остави“. За личната безбедност треба да внимаваат на јавни места каде има многу луѓе како што е аеродромот „Александар Велики“, плоштадот „Македонија“ и слични локации бидејќи често се случува странци да бидат ограбени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com