HomeДЕНЕШНАРегионНа црногорците им забранија и протести против власта

На црногорците им забранија и протести против власта

Црна Гора е на чекор од членство во НАТО и сосема разбирливо Демократскиот фронт како најактивен опозициски актер најави нови протести против актиелната власт, но полицијата им забрани да протестираат безбедносни причини
„Собирот не може да се одржи на местото и во времето во кое е закажан, бидејќи не се исполнети законски услови“, се наведува во полициската одлука.

Полицијата процени дека има потенцијал за инциденти на собирот со можни судири со спротивни табори, бидејќи беше закажан во исто време како и прославата по повод една деценија од независноста на Црна Гора.

ДФ вели дека ова е прв пат власта да забрани целосно одржување на опозициски протест и најави дека сепак ќе го одржи, но на 26 мај кога ќе се одржи првата седница на преодната Влада.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com