HomeДЕНЕШНАПолитикаНа тројца бугарски новинари им е забранет влез во Македонија

На тројца бугарски новинари им е забранет влез во Македонија


Протестите во изминатите денови ги следат бројни новинарски екипи од Бугарија, но во четвртокот вечерта на тројцата новинари од новинската групација „168 часа“ наводно им бил забранет влез откако граничарите забележале лаптоп и фотоапарат.

Новинарите одговориле дека сакаат да влезат во државата за да известуваат, но им биле побарани дозволи од повеќе институции, како од МВР, Министерски совет и амбасадата, што тие ги немале иако сметаат дека такви документи не им се потребни за влез во Македонија, туку само валидни патни исправи.

Понатаму велат дека 2 часа биле држени на граничниот премин во Делчево по што им е издадено решение за забрана за влез во државата во кое се наведени десетина правни членови од Законот за странци, а против него имаат право на жалба во рок од 8 дена. Од вечерниот весник „24 часа“ посочуваат дека одамна ниту еден бугарски новинар не бил спречен да ја премине границата и се изненадени од одлуката.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com