HomeДЕНЕШНАПолитикаНа Србија пак и правиме ќеиф за окупаторски битки и стогодишнини

На Србија пак и правиме ќеиф за окупаторски битки и стогодишнини

Македонскиот државен врв повторно ќе им дозволи на српските челници да го прослават својот дел од историјата кој според многумина наши историчари е контроверзен бидејќи значи окупација на Вардарскиот дел по Првата Светска војна. Претседателот Ѓорге Иванов овој пат во Битола ќе има средба со претседателот на Србија Томислав Николиќ кој престојува во Македонија по повод одбележување на 100 годишнината од битката на Кајмакчелан.

ww1-kajmakcalan-bulgarion-troops

Претходно големи почести Македонија и укажа на Србија за време на нивната прослава на 100 години од битката кај Зебрњак над Куманово исто така спорен настан. Николиќ денеска ќе биде придружуван и од владика на СПЦ и на местото каде во Првата светска војна пред 100 години загинале 4.600 српски воници ќе положат цвеќе на спомен костурницата на врвот Свети Илија.

kajmakcalan-kaimaktsalan

На планината Ниџе на македонско-грчката граница ќе пристигнат со хеликоптер, а потоа ќе оддадат почит и на воените гробишта во Битола. Цвеќе ќе положат и претседателот на Република Српска Милорад Додиќ и министерот за одбрана Зоран Ѓорѓевиќ, кои се дел од делегацијата на претседателот, како и амбасадори на државите сојузници од Првата светска војна во Македонија и претставници на Здружението на Србите во Македонија.

Најостра реакција упати Ванчо Шехтански, претседател на ТМРО кој смета дека македонскиот народ не смее да го слави своето окупирање, ниту пак политичарите треба да го дозволат тоа. Секако, политиката оди во правец на помирување и простување на историските грешки, но едно е да се дозволи нечија комеморација, а сосема друго е да се учествува заеднички во великосрпската пропаганда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com