HomeДЕНЕШНАНа повидок уште еден дождлив ден

На повидок уште еден дождлив ден

Денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурите минимални од 11 до 18 степени, а максималните од 17 до 25 степени.

– Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но количините на наврнат воден талог ќе бидат во постепено опаѓање. Во недела и во понеделник ќе има намалување на облачноста, но се уште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи – соопшти УХМР.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com