HomeДЕНЕШНАПолитикаНа Кале ништо ново, договор се уште нема

На Кале ништо ново, договор се уште нема

Политичките партии не успеаа да дојдат до конечен договор кој ќе значи враќање на реформскиот процес и подготвка на земјата за фер и кредибилни избори откако и вечерва по исцрпни преговори не постигнаа решение за последните важни прашања околу работата на МВР во резиденцијата на американскиот амбасадор Џес Бејли.

bejli orav przino

– Вечерва не можам да ви кажам дека имаме договор. Можам да ви кажам дека имаме интересни нови идеи на маса. Слично како и мјинатиот петок, овој договор е многу важен за дежавата, за ЕУ и за САД. И затоа ние сакаме да ги согледаме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе најдеме начин за придвижување напред. Затоа ги земаме предвид овие идеи, ги разгледуваме, и ќе продолжиме утре, изјави амбасадорот Бејли за Нова.

Столче на преговарачка маса освен за четирите најголеми партии и натаму нема за претставниците на граѓанските движења и невладини организации кои иако се дел од политичкиот живот, нема да можат да учествуваат во креирање на политиките што ќе мотивира нови протести. Најавуваат дека демонстрациите ќе се радикализираат, но нема да бидат насилни.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com