HomeДЕНЕШНАПолитикаНа Заев му се брза повторно да влезе во Владата

На Заев му се брза повторно да влезе во Владата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при средбата со белгиската амбасадорка Аник Ван Калстер посочи дека потребно е што побрзо да се состави нова Влада за да се испочитува Договорот од Пржино за кој се уште има простор откако беше повлечена аболицијата на Иванов.

„Потребно е што поскоро да се организира Влада според предвиденото во Договорот од Пржино, којашто преку прецизни рокови ќе може да ги обезбеди потребните услови за фер и регуларни избори во Македонија. Тоа се пред утврдување Избрачкиот список и објективно медиумско известување. Со политичка волја ова е брзо и практично изводливо, со што изборите би можеле да се одржат наесен. На граѓаните им е потребна стабилна и чесна Влада избрана на веродостојни избори“, рече претседателот Заев.

На средбата било потенцирано дека почитувањето на правото мора да биде столб на градење на идните реформи и затоа се упатува голема поддршка за СЈО да продолжи да работи како независна институција во која граѓаните ќе имаат доверба.

„Затоа СДСМ, опозицијата и граѓаните на Македонија бараат Уставниот суд што побрзо да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, со што ќе се овозможи оваа институција ефикасно да ја заврши својата работа. Оваа институција е искра надеж за граѓаните дека е можно возобновување на демократскиот поредок во Македонија“, објасни Зоран Заев.

Претходно СДСМ ги повлече своите министри Ременска и Спасовски поради укинување на одредбите од Пржинскиот договор, но сега мора да се изнајдат нови решенија за конечен излез од политичката криза.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com