HomeДЕНЕШНАРепубликаНа Бистра ќе се одржи џип-турнеја со многу адреналин

На Бистра ќе се одржи џип-турнеја со многу адреналин

Следната недела, традиционлано по шести пат во Кичево, за сите љубители на ридско-планински предели, за сите љубители на преубавата природа, за сите љубители на високотуражните машини, ќе се одржи Џип Турнеја по падините на преубавата планина Бистра.

Котизација е 300 денари по лице, а на сите пријавени им следува маица, доручек, ручек и десерт. Како што објаснуваат организаторите, тргнувањето ќе биде од „Здружение на возачи на Кичево” со почеток од (07:00 – 08:00) часот.

Клубот „Офроуд убавините на Бистра“ ќе приреди едно незаборавно дружење полно со многу возбудувања, со многу актрактивни мигови исполнети со адреналин. Но, оваа година за првпат ќе има и пробно тест возење во (ХАРД И СОФТ), за време на ручекот како атракција која ќе ја збогати оваа турнеја.

Пријавувањето ќе биде ограничено и може да се пријават џипови со посебна опрема. Котизацијата во оваа категорија ќе изнесува 1000 ден по џип.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com