HomeРЕФЛЕКТОРФилмНа Белмонд му беше доделен Златен лав за животно дело

На Белмонд му беше доделен Златен лав за животно дело

Познатиот француски актер Жан Пол-Белмондо вчера допатува во Венеција на 73 по ред Меѓународен венецијански филмски фестивал каде му беше доделена наградата Златен лав за животно дело. „Никогаш не размислував за минатото, туку само одам напред, напред и напред“, изјави Белмонд по пристигнувањето во Венеција и додаде дека е среќен и почестен поради приликата да му биде врачена оваа награда. 83-Белмондо пристигна во Венеција со уште две лица видно ослабен после мозочниот удар од 2001 година.

25631074957d182aacdcda493429299_v4_big

Актерот во Франција познат под прекарот Бебел, се прослави со улогите во филмовите од „новиот бран“ на 1960-тите години, за во 1970-тите години да стане ѕвезда на акционите филмови. Толкуваше улоги во филмови на бројни познати француски режисери како Жан-Лик Годар, Луј Мала, Ален Рене, Клод Шаброли Франсоа Трифо.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com